Дваесетгодишен мотоциклист вчера на улицата Џон Кенеди, во близина на крстосницата со улицата „Дижонска“ во Скопје, удрил во малолетен пешак од село Палиград.
Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.
Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје.