Дваесет и четиригодишен албански државјанин загина од удар на гром во скопското село Љуботен.
Според информациите на МВР, вчера во СВР-Скопје било пријавено дека во село Љуботен околу 21.20 часот Ф.Б.(38) пронашол починато лице. Било утврдено дека станува збор за М.Д. (24) од Албанија, кој најверојатно починал од удар на гром.
Смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.