Дваесетгодишна гостиварка се обидела да си го одземе животот испивајќи токсично средство за хигиена.
Како што соопшти МВР, вчера на Ургентното одделение во гостиварската Општа болница била донесена 20-годишна девојка од Гостивар, која претходно испила извесна количина токсично средство за хигиена. По укажаната лекарска помош, таа била пуштена на домашно лекување.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.