Битолчанец на 21-годишна возраст е пронајден мртов во својот дом, објави вчера Секторот за внатрешни работи – Битола.
Според информација на СВР Битола, станува збор за момче кое живеело на улицата „Бранко Радичевиќ”, а кај кое екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт без траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција, соопштија од секторот за односи со јавност на СВР-Битола. М.М.