Во полициски автомобил со затемнети стакла, Сашо Мијалков беше изнесен од Обвинителството за гонење на организиран криминал.
Автомобилот беше во придружба на две полициски и едно цивилно возило. Медиумите не успеаа да го видат, поради темните стакла. Тој беше изнесен од зградата веднаш по заминувањето на обвинителката Вилма Русковска. Мијалков ќе биде спроведен во неговиот дом на Водно.
Адвокатот Петар Василев, застапник на Мијалков, ги одмина новинарските екипи и не одговори на ниту едно од прашањата.
И Вилма Русковска кажа дека не се сретнала со Мијалков иако тој три часа седеше во истата зграда со неа. Таа посочи дека оправдувањето на Мијалков ѝ било пренесено од неговиот адвокат.