Синоќа на автопатот Демир Капија – Неготино приведен бил С.З.(43) од Србија, кој управувал товарно моторно возило со српски национални ознаки, затоа што при контрола на возилото полициски службеници пронашле 22 мигранти.
Како што соопшти МВР, двајца од мигрантите биле од Бангладеш, двајца од Индија и 18 од Пакистан.
Лицата се предадени на полициски службеници од Полициска станица Неготино за понатамошна постапка.