Седум лица учествувале во масовна тепачка што утрово се случила пред казино на улицата „Партизанска“ во Охрид. Освен ова нарушување на јавниот ред и мир, портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски оцени дека новогодишната ноќ поминала генерално мирно на цело подрачје на овој сектор за внатрешни работи.
Тој информира дека во 4 часот и 30 минути било пријавено нарушување на јавниот ред и мир со тепача од повеќе лица.
-По преземени мерки констатаирано е дека нарушувањето е извршено од лицата Н.Д.(18) и А.Ј.(52) од едната страна и Х.Л.(18), Д.В.(18), К.И.Л. (18), Д.В.(20) и А.К.(20) од другата страна, сите од Охрид. На лицата Н.Д. и Х.Л. им е укажана лекарска помош. Лицата се приведени во Полициска станица и поднесени се соодветни поднесоци, изјави Димоски.
Димоски подвлече дека на највеселата ноќ во годината не се случила ниту една сообраќајна незгода.