Непознато маскирано лице со закана со пиштол во Казино во Скопје од двајца вработени одзело сума на пари од околу 65.000 денари, по што го напуштило местото на настанот.
Како што соопшти МВР, настанот бил пријавен вчера околу 22,20 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, а се случил на улицата „11-ти Октомври“.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.