Малолетник бил повреден откако синоќа околу 22:30 часот бил пресретнат и нападнат со нож на улицата Ангел Винички во Ѓорче Петров.
Според полицијата, додека Е.С. (17) се движел по улицата “Ангел Винички“ бил пресретнат од страна на две непознати лица. Едното од нив извадило нож и го прободело во пределот на левата надколеница. Малолетникот бил пренесен во Градската општа болница “8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош и од страна на лекар констатирана е телесна повреда.
Се работи на целосно расчистување на случајот.