Шеснаесетгодишно момче половина час по полноќ бил нападнато во автобус на ЈСП „Скопје“ со број 57 кој сообраќа на релација од Козле до Радишани.
Како што соопшти МВР, момчето било нападнато од три лица со кои претходно заедно биле на роденден кај нивна другарка во кафуле во Центар. Причина за нападот била претходна расправија. Напаѓачите потоа се симнале на автобуската постојка спроти „Стара фурна“ во Чаир и заминале.
Случајот во полиција го пријавила мајката на детето, Л.Н.(39). Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.