Ново рочиште за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, ќе биде одржано денеска во Кривичниот суд. Вкрстено ќе бидат испрашувани лекари од Судска медицина и балистичари.
 
Семејствата на убиените момчиња и рибарот најавија дека нема да присуствуваат на денешното рочиште, зошто тоа е многу болно за нив и не ќе може да ги следат исказите.
 
На претходно рочиште сведочеа вешти лица од МВР, кои вршеле анализи и испитувања на предметен материјал.
 
Случајот „Монструм“ во февруари годинава почна од почеток и се уште се наоѓа во доказна постапка.
 
За петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута. Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите и случајот го презеде СЈО.