Фото: Маја Јаневска-Илиева

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против 51-годишен охриѓанец за злоупотреба на службената положба и овластување.

Како што соопшти МВР, Г.М. како царински службеник на граничниот премин „Блато“, на македонско-албанската граница, пропуштил разновидна прехранбена стока без декларација, сопственост на В.И. од Дебар и овозможил стоката да ја премине царинската линија со избегнување на царинска контрола и без наплата на увозни давачки.

Со тоа, му овозможил на В.И. да се стекне со противправна имотна корист во износ од околу 468.000 денари.