Во дневниот билтен МВР соопштува дека Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал-Единица за сериозен криминал, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Т.А.(52) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ по член 265 и „прикривање“ по член 261 став3 од Кривичниот законик.
-На 31.01.2019, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени 13 монети во различна форма и големина, еден дел од метален предмет и два керамички садови во форма на луле, предмети што подлежат на Законот за заштита на културното наследство- соопшти МВР.