Заврши тричасовниот распит на Зоран Милески-Кичеец, по кој Кичеец го напушти обвинителството на ист начин како што беше донесен, во полициско комбе.
Oткако беше отворена истрага на 15 јули, ова е прв распит на осомничениот поврзан со случајот „Рекет“. Поканата за распит била пратена во Шутка во петокот, но засега нема информации дали е пратена покана на распит да биде донесен осомничениот Бојан Јовановски.
Од обвинителството, сепак, не соопштија каде завршиле парите кои им ги дал Орце Камчев, но изјавија дека се вршат финансиски истраги и се проверуваат сефови. На видео-материјалите објавени на италијанските медиуми, Камчев, кој е осомничен во случајот „Империја“, им ги дава парите и преговара со нив за полесни мерки во истрагата на СЈО. На снимката се слуша гласот и на обвинителката Катица Јанева.
Во обвинителството денес била и дала изјава Лилјана Тодоровска. Досега во истрагата се сослушани тројца обвинители на СЈО, Стефанова, Рустеми и Јосифовска. За утре е закажан распитот на специјалната обвинителка Јанева.