Кривична пријава е поднесена против 17- годишник од Скопје, кај кого при претрес е пронајдена марихуана.
МВР во дневниот билтен информира дека СВР Скопје – Единица за недозволена трговија – Одделение за недозволена трговија со дрога, до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против 17 годишно лице од Скопје поради основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, предвидено и казниво по член 215 од КЗ.
При претрес на пријавениот била пронајдена марихуана.