Од страна на полициски службеници од Одделението за криминалистички работи вчера во затворот „Идризово“ бил извршен службен разговор со 31-годишен Италијанец со иницијали И.Р., со престој во Скопје.
За него постоело сомнение дека на 9 септември минатата година на паркинг на улицата „Христо Татарчев“ извршил кривично дело тешка кражба.
И.Р. во целост го признал делото и го појаснил начинот на извршување, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 236 од Кривичниот законик.