Речиси четири часа поминаа во зградата на СЈО, истражителите кои ги испрати обвинителката Вилма Русковска за да ја подигнат фианансиската документација за надоместоците кои ексшефицата на СЈО, Катица Јанева, им ги делела на нејзините колеги, стручните соработници, истражители и други вработени.
Вработените во СЈО по завршувањето на работното време излегоа од задниот влез на Обвинителството. Нема информација од СЈО до кога се очекува да останат истражителите внатре.
Истражителите, наводно, се испратени во врска со информациите за распределбата на бонусите во СЈО, со цел да соберат документација за поделбата на парите.
Обвинители од СЈО, кои не сакаа да говорат јавно, зад камерите тврдат дека нема незаконитост во доделувањето на парите, бидејќи и додатоците и надоместоците биле исплатени во согласност со Законот за СЈО и за тоа знаеле и Советот на јавните обвинители и Собранието кое го изгласало нивниот буџет.
Според базата „Отворени финансии“, Катица Јанева во својот мандат добила дополнителни 157 илјади евра. Само за 2019 година зела 28.455 евра.