Во пожар ноќеска изгоре пицерија во трговскиот центар „Чаирчанка“ во Скопје, повредени нема.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека пожарот е пријавен околу 4 часот утрово од случаен минувач. Во гаснење на пожарот интервенирале екипи на Бригадата за противпожарна заштита.
Повредени лица нема, а пицеријата целосно изгорела. Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.