Автобус изгоре на автопатот Штип – Миладиновци кај светиниколското село Крушице.
Според првичните информации во автобусот немало патници, а возачот безуспешно се обидел да го изгасне пожарот со противпожарен апарат, по што огнот целосно го зафатил возилото. Возачот непосредно пред избувнувањето на пожарот излегол од автобусот.
Очевидци, односно граѓани кои движеле во правец кон Штип, го забележале возилото кое гори. Според кажувањата на очевидците возачот повикал противпожарна екипа.
Моментно сообраќајот на едната коловозна лента на овој патен правец е во застој.