Шумскиот пожар кој два дена гореше во граничниот појас со Бугарија, кај селото Бајково, општина Ново Село, утрово е изгаснат, информираат од Шумското стопанство „Беласица“ од Струмица.
-Наши екипи, кои заедно со СВР Струмица, општина Ново Село и ТППЕ Струмица учествуваа во гаснењето на пожарот утрово констатираа дека пожарот е угаснат и нема можност да се прошири подлабоко во граничниот појас кон Бугарија- рече Никола Ристов од ШС „Беласица“ Струмица.
Општина Ново Село вчера формираше кризен штаб, а во гаснењето на пожарот, кој гореше во должина од три километри, учествуваа педесетина лица.
Во пожарот изгoре ретка дабова шума со тревна вегетација во приватна сопственост.