Скопјанецот П.Ж. e осуден на затворска казна од две години и 10 месеци од Кривичниот суд, откако признал вина за настаните во Собранието од 27 април минатата година.
Во пресудата се наведува дека тој извршил насилство врз повеќе граѓани, нападнал полициски службеник, грубо навредувал и ја загрозил сигурноста на присутните, по влегувањето во Собранието. Обвинетиот нападнал и припадник на обезбедувањето на Оливер Спасовски, а се обидел да го удри и Зоран Заев, но не успеал.
Ова е трето признание на вина, откако пред десетина дена уште две лица беа осудени за кривичното дело „насилство“.