На 08.01.2021 полициски службеници и единицата за интервентна полиција, во соработка со Државниот пазарен инспекторат во 21,20 часот извршиле контрола во чајџилница во селото Арачиново и констатирале дека објектот работи и има повеќе гости.
Во чајџилницата е затекнат и сопственикот А.Б. (25) од селото Арачиново и тој е приведен, а по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по чл. 206 од КЗ.
Инспекторите го затворија објектот, соопшти полицијата.