Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал и Одделот за криминалистичка полиција, со поддршка на ОСПО, ноќеска пресекле уште еден меѓународен канал за недозволена трговија со марихуана, при што се запленети околу 60 килограми марихуана и од слобода се лишени тројца државјани на Албанија.
Како што соопшти МВР, во 1.40 часот по полноќ на магистралниот пат Струга – Ќафасан во близина на село Франгово, при вршење контрола затекнати се три лица К.Г. ( 56), Е. Ч. (24) и Н. Х. (40) од Прењас, Албанија, кои преку зелената граница по илегален пат од територија на Албанија до Македонија ја пренесувале марихуаната.
Полициски службеници кај лицата пронашле и одзеле седум вреќи во кои имало 14 полиетиленски пакувања со марихуана.
-Во текот на денешниот ден против овие лица ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Струга за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 ст.1 од Кривичниот законик на Р.Македонија, информира МВР.