Возило „мерцедес Ц 180“ е опожарено синоќа во 01.30 часот во дворот од семејна куќа на улицата „Гоце Делчев“ во велешкото село Отовица.
Возилото е сопственост на 64-годишниот С.И. од Велес. Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица во Велес.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.