Во чајџилница во Арачиново вчера бил повреден дваесет и тригодишен маж од залутан куршум. Повредениот е префрлен во Градската болница каде му е укажана лекарска помош.
Од МВР соопштија дека вчера во 23 часот од страна на Итната медицинска помош било пријавено дека во чајџилница на улица „10“ каде бил како гостин, Е.И. бил повреден од залутан проектил.
Лицето е префрлено во Градска општа болница „Св. Наум Охридски” каде му е укажана лекарска помош и констатирана му е површинска повреда од залутано зрно во пределот на стомакот.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.