Ние нашата обврска ја завршивме и ги предадовме сите материјали од прислушуваните разговори во СЈО, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев, запрашан за разговорот што оваа недела беше објавен на Јутјуб, помеѓу пратеникот Антонио Милошоски и екс-претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски.
– Да не заборавиме кој прислушувал во државата и да не заборавиме дека цело време укажувавме дека само еден дел од тие материјали добивме кај нас. Овој материјал сега што го слушнав веројатно во тоа време да го имавме би го објавиле за да го разобличиме судството – рече Заев.
Како што кажа претседателот на СДСМ, според нивната проценка, тие поседувале околу 30 проценти од прислушуваните материјали.
Тој порача дека истрагата треба да покаже од каде доаѓаат разговорите и кој ги објавува.