Државјанин на Албанија бил пренесен во болница откако вчера на граничниот премин „Ќафасан“, за да не го фати полицијата, проголтал бела материја што ја носел со себе.
Како што соопшти МВР, околу 22 часот на граничниот премин „Ќафасан“ на влез земјава, при контрола на возило со албански регистарски ознаки, управувано од албанскиот државјанин A.H.(45), каде како сопатници во возилото биле A.А.(24) и Л.К. (29), од царински службеници извршен е преглед на возилото и во футрола за очила пронајдена е бела материја. Во просториите на царина на Ќафасан, А.Н. ја земал белата материја и ја проголтал.
Лицето е префрлено во Медицинскиот центар во Струга, каде што му е укажана лекарска помош.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.