Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 384 санкции, меѓу кои за возење без возачка дозвола 21 казна, за пречекорување на дозволената брзина на движење казнети се 138 возачи, а за нерегистрирани и технички неисправни возила казнети се 20 возачи.
Исто така, казнети се 20 мотоциклисти и одземени се три мотоцикли и еден четирицикл.
Полицијата напишала 88 казни за непрописно паркирани возила, 72 возила се подигнати со пајак, а изречени се и 66 санкции за неносење на заштитна маска.
– Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот – велат од МВР.