Мопед управуван од 17-годишник од Охрид, синоќа удрил во 68-годишна жена од Охрид.
– Б.Ѓ. била пренесена во Општата болница Охрид, каде им подлегнала на повредите – информираат од МВР.
Возачот на мопедот се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата „Свети Еразмо“.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид.