Жител на селото Милино бил прободен со нож во пределот на стомакот од страна на неговата сопруга, соопшти МВР.
Според истиот извор, А.А. (48) од Милино пријавил дека со нож бил прободен во пределот на стомакот од страна на неговата сопруга Е.А.. Тој бил пренесен во Медицинскиот центар Велес каде му била извршена хируршка интервенција.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.