Посредникот кој беше во бегство, но се предал минатата недела, доби затворска казна од две години и три месеци во пресудата за случајот „Двојник“, на денешното рочиште на кое петмина од обвинетите се изјаснија за виновни за аферата со лажните пасоши.
Останатите четворица обвинети кои се вработени во МВР, добија затворски казни од две години и седум месеци, две години и три месеци, односно две години, како и шестмесечна условна казна.
Обвинетите се гонат за кривичното дело 353 став 1, за кое е предвидена највисока казна од три години. Останатите обвинети изјавија дека не се чувствуваат виновни.
Ова е прво судење откако Обвинителството поднесе обвинителен предлог за лажните пасоши. Досега, осомничени се 11 лица за злоупотреби извршени при издавањето на патни исправи.