На 20 октомври службеници од штипскиот затвор во полиција пријавле дека во затворот била пронајдена прашеста материја.
Полицијата извршила увид на местото, при што во пакет наменет за осудениот Р.А. (34) од Куманово била пронајдена прашестата материја, која е одземена и предадена за вештачење.
По комплетирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.