Дисциплинска комисија ќе одлучува како ќе постапи за инцидент во основното училиште „Панајот Гиновски“ во скопската општина Бутел, во кој беше забележано како наставник физички се пресметува со ученик, пренесуваат повеќе медиуми повикувајќи се на информации од училиштето.
Јавноста дозна за инцидентот преку видеоснимка што ја снимил еден од учениците, а била споделена на социјалната мрежа Тикток. Случајот беше пријавен во МВР, со што се работи на негово расчистување.
Како што пренесува „Телма“ во училиштето биле инспектори од Државниот просветен инспекторат, чии констатации од записникот допрва треба да бидат соопштени.