На автопатот Скопје – Велес, кај Штипска петља, синоќа полициски службеници запреле патничко возило „опел“ управувано од И.М.(54) од село Арачиново, Скопје.
При контрола на возилото биле пронајдени 10 лица мигранти. Мигрантите биле предадени во Полициската станица Велес за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, против И.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.