Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, во координација со Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, денеска ги уапсиле А.В.(74) и С.В.(45) од скопски Сингелиќ, поради сомнение за сторени кривични дела неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и недозволено изработување, држење и тргување со оружје.
Како што информираат од МВР, во текот на денешниот ден, по претходно издадена судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот и другите простории каде живеат А.В. и С.В., при што пронашле повеќе пакувања марихуана (околу 10 килограми), неколку шишиња со хашишово масло, еден пиштол „црвена застава“ со две рамки и 57 куршуми.
По документирање на случајот, против двете лица до Основното јавно обвинителство Скопје ќе биде поднесена кривична пријава.