Против угостителски објект и 30-годишник од Делчево полицијата поднесе кривични пријави поради сомнение за сторено кривично дело непостапување според здравствените прописи.
Како што информираат од МВР, на 20 мај годинава пријавените овозможиле организирање матурска забава на матуранти од средно училиште од Делчево со присуство на жива музика, што било спротивно на одлуката на Владата со која сите угостителски објекти од 28 април до 15 мај беа затворени за посетители по 20:30 часот и не беше дозволено организирање прослави.