Трите девојчиња кои денеска беа удрени од автомобил на улица Христијан Тодоровски Карпош во Чаир се во стабилна состојба. Поради скршеници, две од нив најверојатно ќе треба да се оперираат, додека едната се очекува да биде пуштена на домашно лекување во текот на денот.
Трите девојчиња беа удрени од автомобил утринава околу 11 часот.
Возачот е приведен во полициска станица.