Триесет и едногодишна девојка од селото Прибачево, Кочанско, загина во сообраќајна несреќа што се случи доцна синоќа на регионалниот пат Кочани-Пониква.
До несреќата дошло кога излетал од патот автомобилот во кој се превезувала таа, заедно со уште една девојка, а го управувал И.А. (38) од селото Облешево, Кочанско.
Другата сопатничка, која има 28 години се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Кочани, а со телесни повреди се здобил возачот.
Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кочани.