Припадниците на дебарската полициска станица од општа надлежност откриле двајца илегални мигранти во возило со скопски регистарски таблички.
– Станува збор за лицата Л.А.(17) и М.Х.(21), двајцата од Палестина. Полициските службеници, при рутинска контрола во три часот по полноќ, ги затекнала во такси возило марка „Фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки на улицата „8-ми септември“ во Дебар. Лицата се приведени и се превземаат мерки за целосно расветлување на случајот, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
Според него приведените лица со себе немале документи за идентификација и незаконски престојувале во Република Македонија.
Двајцата Палестинци, повеќе од сигурно е дека преку Дебар минувале само транзит. Нивната цел била да ја минат македонско-албанската граница и трнзит преку Албанија да заминат кон некоја од западно европските земји.