Во изминатото деноноќие две лица од Кичево не го почитувале полицискиот час. Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесени пријави според член 206 од Казнениот закон „непостапување според здраствени прописи за време на епидемија“. Во истиот период не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир ниту сообраќајни несреќи.
На подрачјето на СВР-Охрид во изолација се наоѓаат 148 лица од кои 14 во Кичево. Во изминатото деноноќие полициските службеници извршиле вкупно 86 контроли врз овие лица, од кои 11 во Кичево. Во овој град во изолација се наоѓаат 3 лица, врз кои во изминатиот период извршени се контроли и не се регистрирани недоследности. Во изминатото деноноќие полициските службеници констатирале и 60 прекршоци од граѓани за неносење лична заштита врз лицето, 25 во Кичево.
Вчера околу 22 часот во ОВР-Кичево приведен е Б.З. (33) од овој град, бидејќи агресивно се однесувал и се обидел да избега при обид на полициски службеници за претрес во неговиот дом, по претходно издадена наредба од судија на претходна постапка. По целосното документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Вчера околу 18.40 часот во ОВР-Кичево било пријавено дека на улица 11-Септември лицата Ј.Б. и Д.Н., двајцата од Кичево, го нарушиле јавниот ред и мир со физички напад врз лицето В.Н. (43) од Кичево. По целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.
З.А.