Во тешката сообраќајна несреќа што се случи доцна синоќа на магистралниот пат Битола-Ресен кај превојот Ѓавато загинаа две лица. Ова денеска го соопшти СВР Битола.
Според битолската полиција, тешката сообраќајна несреќа се случила синоќа во 22.40 часот во близина на мостот над село Кажани, кога дошло до судир на влечно возило „даф“ со приклучно возило „череау“, со ресенски регистарски ознаки, управувано од 59-годишно лцие од Ресен и патничко возило „опел мерива“, со охридски регистарски ознаки, управувано од 53-годишно лице од Охрид.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починале двајцата возачи.
Смртта ја констатирал лекар на Итната медицинска помош, а увид на местото на несреќата извршиле увидна екипа од СВР Битола и Јавен обвинител, по чија наредба
телата на починатите се дадени за обдукција, велат од СВР Битола. М.М.