Две жени вчера биле повредени во автобус на ЈСП кога возачот ненадејно сопрел, избегнувајќи друго возило.
-Околу 15.20 часот во Скопје на крстосница од улица „Водњанска“ и .„50-та Дивизија“, автобус на ЈСП бр. 50 управуван од М.М.(53) од Скопје нагло прикочил за да не удри во друго возило кое излегло пред него при што со повреди се здобиле патниците во автобусот, В.А.(60) и К.С. (52) двете од Скопје – информираат од МВР.
Со возило на Итна медицинска помош повредените биле пренесени во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ каде по укажана лекарска помош на К.С. и биле констатирани телесни повреди и била пуштена на домашно лекување, а на В.А. и биле констатирани тешки телесни повреди.