Четиригодишно дете било прегазено со трактор во село Двориште, Берово. Според информациите на МВР, детето со тешки повреди било пренесено во Медицинскиот центар Штип.
Несреќата се случила вчера околу 15.30 часот, пред мостот на Дворишка река. М.Т.(49) управувал трактор „фиат 446 ДТ“, кој влечел приколка, во која биле Н.Т. (49) и уште две деца. Едно од децата на четиригодишна возраст паднало и било прегазено со десното тркало.
Детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Здравствениот дом Берово за укажување лекарска помош, а потоа во Медицинскиот центар Штип.
Автомобил удри во дете во Тетовско
Дваесетгодишно момче со автомобил удрило во дете во село Калник, Тетово.
Според информациите на полицијата, несреќата се случила вчера во 11.30 часот кога Ј.С.(20) од село Калник со „бмв“ со италијански национални ознаки удрил во малолетник од село Боговиње, Тетовско.
Детето со тешки повреди било пренесено во Клиничкиот центар Тетово за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Тетово.