Две лица се повредени во сообраќајната несреќа во која автомобил „Фолсваген голф“ излетал од патот и удрил во бандера, ноќеска во 3.25 часот по полноќ, на регионалниот пат во близина на село Мороишта.
Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот Х.В.(30) од село Ливада, Струшко, а со тешка телесна повреда се здобил сопатникот Х.Ш. (26), кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во болницата „Свети Еразмо-Охрид“.
Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од Полициската станица Струга и се работи на целосно расчистување на случајот.