Вчера во 17,25 часот било пријавено дека на излез од с.Радиовце-Тетово се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген поло“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.М.(30) од селото Чегране-Гостиварско и „фолксваген голф“ со германски национални ознаки, управуван од А.Ш.(21) од с.Теново-Тетовско.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатникот Н.С.(37) од с.Чегране од возилото „поло“ по што биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Тетово.