Малолетничка од Велес нападна врсничка, а настанот беше снимен со мобилен телефон и објавен на социјалните мрежи. Видеото на кое се гледа како 12-годишното девојче тепа врсничка додека таа бара помош, наиде на остри реакции во јавноста.
Настанот се случил во Велес, а очевидец го снимил инцидентот со мобилен телефон.
Следниот ден таа нападнала и друго девојче, а од МВР велат дека во полициската станица, во присуство на родител и социјален работник бил извршен разговор со малолетното девојче, како и со уште една малолетничка која учествувала во настаните.
– Се преземаат дополнителни мерки и по целосно документирање на случајот во координација со Центарот за социјални работи ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, како и пријава против родителот С.И. (39) од Велес, поради негрижа за своето дете – велат од полицијата.