Дваесетина лица се повредени во сообраќајна несреќа помеѓу автобус и автомобил „бмв“, што се случила синоќа на автопатот Куманово-Граничен премин Табановце.
Според инфoрмaциите, автобусот го управувал Н.А. (39) од Куманово, а автомобилот Н.М (28) исто така од Куманово. Во несреќата повредени се двајцата возачи и 19 патници од автобусот. Тие се пренесени во Општата болница во Куманово за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.