Стотина граѓани побараа правда за случајот „Монструм”, односно затворање на убијците на момчињата кај Смилковското Езеро, на денешниот протест пред Кривичниот суд во Скопје.
Тие побараа преземање одговорност на правосудството и порачаа дека жртвите никогаш нема да бидат заборавени.
Незадоволните граѓани се организирале преку социјалните мрежи, за протестот под слоганот „Правда за жртвите од Смилковско Езеро“.