Полицијата го приведе М.А. (31) од село во Гостиварско, кој се сомничи дека во текот на изминатите два месеци, во повеќе наврати, од куќата на неговиот татко одзел златен накит во вкупна вредност од 50 до 60 илјади евра.
Златото било сопственост на сестра му.
Според информациите од полицијата, М.А. го продавал накитот на други лица, а кражбата денеска ја пријавил нивниот татко.
По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.