Во Македонскиот народен театар во Скопје вчера дошло до несреќа, кога 35-годишен светло-техничар паднал од високо додека изведувал работни задачи.
Од МВР информираат дека мажот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза’’.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.